Американскиот производител на авиони „Боинг“ денеска соопшти дека ја прекинува испораката на авиони од типот 737 Макс, откако повеќето земји во светот забранија нивно летање, по несреќата во Етиопија во која загинаа 157 патници и членови на екипажот.
„Боинг 737 Макс“ имаше забрана за летање во воздушниот простор на повеќе земји, вклучувајќи ги и САД, по несреќата, втора со овој релативно нов модел за помалку од пет месеци.
Во октомври авион на индонезиската авиокомпанија „Лајан ер“ (Lion Аir) се урна, при што загинаа 189 лица.