Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Слаби врнежи од снег има на планинските премини Стража, Маврово, Пресека, како и во Крушево, а врнежи од среден интензитет се бележат во Делчево, но не претставуваат пречка во одвивањето на сообраќајот.
Поради одрон, сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес, се одвива по една коловозна лента. На 1,5 км од местото има поставено соодветна сообраќајна сигнализација за возачите да може навремено да го приспособат своето движење.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно се препорачува да се внимава на делниците што минуваат низ клисурите и засеците каде можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Се потсетуваат возачите дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март 2013 година.