Мислешево: И покрај забраната, утре ќе се постави македонското знаме

Од:

И покрај сите притисоци да не го поставуваат македонското знаме, жителите на струшкото село Мислешево утре во 11 часот на влезот од селото, кај мотелот Амбиент ќе го постават знамето, за кое општинската инспекција неодамна донесоа решение за уривање на постаментот каде треба да се постави.

Вечерва на социјалните мрежи стружани се повикуваат масовно да присуствуваат на овој настан. Знамето сакаат да го постават на влезот на Мислешево, односно ќе се вее на влезот на Струга.

„Знамето ќе биде подигнато во 11.00 часот, а македонската химна ќе ја интерпретира пејачот Влатко Миладиновски. Старо и младо, машко и женско сите заедно во 11 часот на раскрсницата кај мотелот Амбиент да дојдеме во што помасовен број.Ќе се дига! Ќе се вее! Да живее МАКЕДОНИЈА“, стои во повикот на социјалните мрежи.

Знамето официјално ќе биде високо 19 метри, а со димензии 6 метри на 3 метри.

Би можело да ве интересира

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Ќе побараме објаснување за фотографијата пред бугарското знаме, ваков чин и потег не беше предвиден

Предраг Петровиќ

Путин: Знамето на Русија секогаш ќе биде свето за сите генерации Руси

А1он

Не се разговара за промена на знамето, грбот или химната, велат од Владата по изјавата на Ахмети

Жарко Настоски

ВИДЕО: Британското знаме симнато од пред европските институции

Францускиот спајдермен закачи знаме на помирувањето во Хонгконг

А1он