(ВИДЕО) Бошњаковски: Нема простор за паника поради МРСА, преземени се сите неопходни мерки

Од:

По спроведени контролни брисеви на вработените не постои простор за паника во врска со откриените случаи на инфекција со бактеријата МРСА во основното училиште во Бутел и во градинката во Чаир, соопшти денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Сакаме да потенцираме дека апсолутно не постои никаков простор за паника. Станува збор за бактерија од групата стафилококни бактерии. Според направените анализи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од резултатите од Центарот за јавно здравје, овој вид на бактерија се лекува со редовни лекарста и со обична антибактериска маст. Истовремено од страна на ДСЗИ веќе се преземени сите неопходни мерки и во училиштето и во градинката, спроведена е дезинфекција, механичко чистење на просториите и сите други мерки кои ги наложува протоколот при појава на каква било бактерија. Не постои потреба за затворање ниту на училиштето, ниту на градинката, рече Бошњаковски.

Тој потсети дека во училиштето во Бутел единствениот случај на МРСА е регистриран на 22 февруари, а сите останати брисеви од ова училиште биле негативни, додека во градинката во Чаир оваа бактерија била утврдена кај три деца на возраст меѓу пет и шест години. Биле земени превентивно брисеви од 36 деца, две воспитувачки и една хигиеничарка и сите се покажале негативни. Децата заразени со оваа бактерија се на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада