Белгија треба да го ратификува протоколот за НАТО до крајот на оваа година

Од:

Пристапниот протокол за членството на Северна Македонија во НАТО треба да биде ратификуван од белгискиот Парламент до крајот на оваа година, но прецизни рокови сѐ уште нема, велат за МИА од белгиското Министерство за надворешни работи.

За разлика од првичните шпекулации во јавноста, за пристапниот протокол не треба да гласаат сите седум парламенти на земјата, туку само федералниот, прецизираат за МИА од министерството.

-Само федералниот парламент треба да ратификува, а целата процедура би требало да биде завршена до средбата на лидерите на НАТО во Лондон на крајот на година, стои во писмениот одговор од белгиското МНР до МИА.

Белгиски дипломатски извори велат дека не се очекуваат никакви пречки, ниту политички ниту технички, за сега во процесот на ратификација, и дека за сега не е закажан датум за ратификацијата во белгискиот парламент.

Би можело да ве интересира

Москва тврди дека НАТО подготвува блокада на Калининград, американскиот генерал: „Би уништиле сè за неколку часа“

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Руте: Путин ја губи војната, сега е време за притисок

А1он

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Тревога во Литванија: Руски авиони влегоа во воздушниот простор, беа пресретнати од борбени авиони на НАТО