Општина Гевгелија исплати најголем дел од долгот кон доверителите

Од:

Откако советниците во општина Гевгелија донесоа одлука да се искористат државните пари за подмирување на долговите, општината исплати 51,9 милиони денари кон 12 доверители, потврдија од општинската финансиска служба.

Согласно Законот за финансиска подршка на единиците на локалната самоуправа за доспеани, а неплатени обврски, општина Гевгелија доби 60,6 милиони денари од државниот буџет за подмирување на 51 отсто од обврките.

Од општината информираат дека деновиве ќе бидат исплатени и преостанатите 8,7 милиони денари со кои ќе се заокружи исплатата на 119 милиони денари од вкупниот долг.

Градоначалникот Сашо Поцков вели дека додека траела постапката за помирување на долгот од издвоените средства од државниот буџет, дополнително од општинскиот буџет исплатени се помали обврки кон некои доверители.

– За целосно раздолжување на општината треба да исплатиме уште околу 18 милиони денари кои ќе настојуваме да ги подмириме од општинскиот буџет и тоа во најскоро време. Со тоа ќе го завршиме и проектот за раздолжување што минатата година ни одзеде многу време и ги измести развојните планови на општината, изјави Поцков.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија