Против 52-годишно лице од Велес, со иницијали Т.А. поднесена е кривична пријава, по претрес во неговиот дом. Како што соопшти полицијата, во домот на велешанецот биле пронајдени и одземени 13 монети во различна форма и големина, еден дел од метален предмет и два керамички садови во форма на луле, предмети што подлежат на Законот за заштита на културното наследство.
Лицето се сомничи за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и прикривање.