Тројца тешко повредени во седум сообраќајки во Скопје

Од:

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во две сообраќајки со полесни повреди се здобиле две лица, а во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 26 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, девет возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, осум за не носење сигурносен појас и 18 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 32 возачи, од кои еден го управувал возилото под дејство на алкохол, 27 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица возачи почетници, како и две технички неисправни возила, 23 нерегистрирани возила и едно возило за претовар.

Затекнати биле 115 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 87 возила.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ООУ „Гоце Делчев“ на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Во несреќата кај Штип загинаa тројца работници, двајца од Бангладеш и еден од Непал

Горан Наумовски

Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш

Горан Наумовски

Несреќа на патот Штип-Радовиш, има починати и повредени

Горан Наумовски

Во сообраќајка во Луксембург загинаа тројца државјани на Косово

„Мерцедес“ излета од патот кај Облешево, загина возач

Горан Наумовски

Еден загина, тројца тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Горан Наумовски