Катругалос: Спроведувањето на договорот не е лесна работа, но има добра волја од другата страна

Од:

Не е лесна работа спроведувањето на договорот, но гледаме добра волја од другата страна, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио „Реал фм“, во однос на тоа како во пракса оди имплементацијата на Договорот од Преспа. Сепак, тој открива дека грчкото МНР преку специјална комисија го следи спроведувањето.

-Не е лесна работа спроведувањето на договорот, но гледаме добра волја од другата страна. Ние нема да го оставиме спроведувањето на добрата волја. Го следиме спроведувањето преку една комисија што имаме во Министерството за надворешни работи, министерски комитет формиран и се базираме на програма на активности, што не се содржи само извршување на условите од договорот, туку во главно на промоција на оние позитивни мерки во економијата, културата, што ќе создадат клима која нема во иднина да дозволи промена, вели Катругалос.

Тој објаснува дека кај нас, со владина одлука, над 160 јавни институции, објекти, организации го променија името и додава дека „таму постои голема битка“.

-Видовте дека претседателот продолжува да одбива да ги потпишува законите со веќе новото уставно име претседател на Северна Македонија, постои битка во оваа земја, таму постојат многу повеќе „вжештени глави“, националисти отколку кај нас, вели министерот за надворешни работи на Грција, за радиото Реал фм.

Во однос на реакциите во Грција, шефот на грчката дипломатија објаснува дека постои емоционална реакција што се должи на повредената национална гордост кај многу Грци поради долгогодишната криза, а овој негов став Катругалос, го повторува и во интервјуто за германски „Шпигел“. Вели дека не се сомнева дека граѓаните ќе се премислат „кога ќе го сфатат вистинското значење на Договорот, со логично размислување и без емоции“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Балканот се сметаше за регион на нестабилност, можно буре барут во Европа. Сега постои спротивен тренд: тренд кон стабилност и соработка. Ова е позитивно и за регионот и за Грција. Нашата цел е да промовираме единствена економска област во нашиот регион, еден голем пазар од речиси 50 милиони луѓе, вели Катругалос за германски „Шпигел“, говорејќи за позитивните ефекти од договорот.

Министерот за надворешни работи на Грција, објаснува дека и тој и Димитров сакаат да се имплементираат и духот и содржината на договорот и да се изгради стратешко партнерство, помеѓу двете земји и општо на Балканот.

Во однос на улогата на Русија, САД и Турција во Договорот од Преспа, Катругалос вели дека трите земји имаат свои интереси во регионот, кои што се обидуваат да ги спроведат, додека пак во однос на Москва објаснува дека тие се против проширувањето на НАТО и истакнува дека немало никакви притисоци.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната