Со изборот од поезијата „Дождови – 90 песни“ од Матеја Матевски, што го приреди поетот Раде Силјан, на 13 март (среда) 2019 година во 12 часот, во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, книгоиздателството „Матица македонска“ ќе ја одбележи деведесгодишнината од раѓањето на големиот македонски поет. За богатиот опус на Матевски и за неговото значење во современите текови на македонска литература ќе говорат акад.Витомир Митевски и писателот Паскал Гилевски. Стихови ќе читаат македонски писатели, следбеници на неговото дело, а свеченоста ќе ја збогатат македонските музички виртуози Драган Даутовски и Васил Атанасов.
Матеја Матевски (Истанбул,1929 – 2018,Скопје ) спаѓа во редот на челниците на современата македонска литература. Автор е на дваесет и четири поетски книги, на седум книги со критики и есеи, а преведе на македонски јазик шеесет книги од шпански, француски, руски, српски и други јазици. Добитник е на национални и меѓународни награди. Во 2011 година беше носител на престижната меѓународна награда „Златен венец на Струшките вечери на поезијата.