Британскиот весник „Тајмс“ наведува дека руската морнарица има ново оружје кое предизвикува халуцинации, откако неколку бродови на Северната флота на Русија со фрегатата „Адмирал Горшков“ се појави во близина на базата на военото воздухопловство на Шкотска.
„Тајмс“ наведува дека главното внимание било насочено на „Адмирал Горшков“ поради најновиот систем за визуелно-оптично попречување „Филин“ кој според информациите на весникот може да предизвика халуцинации кај противникот.
Исто така, весникот тврди дека бродот наводно извел антидиверзантски вежби во близина на шкотскиот град Лосимут што било причина ракетниот разорувач „Дифендер“ на британската морнарица да биде ангажиран за следење на „Адмирал Горшков“.