[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Иранскиот врховен верски водич, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Иран не сака да направи нуклеарно оружје, но никој не би можел да го спречи Техеран да направи атомска бомба доколку сака.
Хамнеи кој го има последниот збор за сите држави прашања, рече дека Иран се залага за нуклеарното разоружување.
Иранските власти соопштија дека тој објавил верски декрет со кој се забранува нуклеарното оружје, за да докажат дека нуклераниот програм на државата има мировна цел.
Од друга страна САД и останатите држави, стравуваат дека Техеран ќе направи нуклеарно оружје.