На 74-годишна возраст почина познатиот американски глумец Јан Мајкл Винсент.
Тој има играно во повеќе ТВ-серии, како и во повеќе филмови. Најпознат е по своите улоги во Airwolf и Big Wednesday.
Тој беше номиниран за наградата Златен Глобус за филмот „Going home“ во 1971 и повторно во 1984 за „The Winds of War“. А последен пат глумеше во White Boy, во улога на Рон Мастерс, филм снимен во 2003 година.
Винсент е роден на 15 јули 1944 година во Денвер, Колорадо.