[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Првата вечер од Олстар-викендот во Хјустон го одбележа мечот на „познатите“, каде што во прв план беше најбрзиот човек на светот, атлетичарот од Јамајка, Јусеин Болт, кој ги покажа и своите кошаркарски способности.
И покрај тоа што во некои моменти со топката правеше по пет-шест чекори, Болт прекрасно се забавуваше на паркетот во дрштвото на НБА личностите како, Дикембе Мутомбо, Клајд Дрекслер, Шон Елиот, Брус Боувин и многу други.
-Не може да се прават десет чекори со топка во раце. Ало, така не се игра кошарка – му довикуваа на Болт во шега, противниците од победничката екипа.
Тимот на трикратниот олимписки шампион на крајот беше поразен во ревијалниот меч со 58:38, но тоа не го спречи Болт да ужива во спектаклот, забивање со две раце.
Олстар-викендот продолжува вечерва, каде на програмата ќе се натпреаваруваат во вештинити шутирање тројки и забивање.