Филипче: Уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба

Од:

Уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба и се на апарат за механичка вентилација. Се надевам дека нема да има дополнително влошување на нивната здравствена состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека за жал се случиле такви медицински компликации да не можело да се спасат животите на оние кои починаа од компликации од грип.

– Тие беа со претходни заболувања од кои две беа деца. Ние сме во секојдневна комуникација со сите членови на Комисијата за заразни болести, со директорката на Клиниката за инфективни болести и се преземаат сите мерки, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од проектот за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата.

Оваа сезона 11 лица починаа од компликации од грип.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Се зголемува бројот на заболени од грип

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он