Хјуман рајтс воч: 1.500 деца се наоѓаат во притвор во Ирак и во курдските области

Од:

Организацијата Хјуман рајтс воч тврди дека околу 1.500 деца се наоѓаат во притвор во Ирак и во курдските области поради наводна поврзаност со Исламска држава.

Во извештајот се наведува и дека осомничените често се произволно уапсени и подложени на тортура со цел да се изнуди признавање.

Хјуман рајтс воч затоа ги повика ирачките и курдските власти да ги сменат антитерористичките закони за да го прекинат притворот, предупредувајќи дека го кршат меѓународното право.

Во извештајот, кој има 53 страници, се тврди дека кон крајот на 2018 година, ирачките и курдските власти држеле околу 1.500 деца поради наводни врски со Исламска држава, а најмалку 185 странски деца биле осудени на казна затвор поради обвиненија за тероризам.

Во документот се наведува дека локалните власти често апселе и казнувале деца со било каква поврзаност со Исламска држава и користеле методи за тортура за да изнудат признавање и да ги осудат осомничените со брзи и нефер судења.

– Овој сеопфатен, казнен пристап не е правда и ќе има долготрајни негативни последици за многу деца, изјави Џо Бекер, директор за застапување на правата на децата во Хјуман рајтс воч.

Во разговор со претставници на организацијата, осомничени и деца што биле притворени тврделе дека биле изложени на мачење, како што се тепање со пластични цевки, електрични кабли и прачки. Едно 17-годишно момче кое било во притвор во Ирак, рекло дека висело 10 минути обесено за неговите зглобови.

Во извештајот иста така стои дека дека повеќето од интервјуираните деца изјавиле дека се приклучиле на ИД поради финансиски потреби, притисок од врсници или од семејството, а некои навеле семејни проблеми или желба за социјален статус.

Хјуман рајтс воч тврди дека ослободените ирачки деца сега се плашат да се вратат дома, од стигмата поради членство во ИД и од можност за одмазда. Организацијата за човекови права нагласува дека според меѓународното право, децата регрутирани од вооружени групи првенствено се жртви кои треба да бидат рехабилитирани и реинтегрирани во општеството.

Ирачките и курдските власти досега не ги коментираа овие наводи. Курдската влада претходно го отфрли извештајот на Хјуман рајтс воч во кој се наведува дека децата биле малтретирани за да признаат поврзаност со Исламска држава.

Во јануари еден официјален претставник изјави дека политиката на локалните власти е да „ги рехабилитира“ ваквите деца, дека маќењето е забрането и оти децата имале исти права како и другите затвореници.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак