Уделот на жените во националните парламенти во земјите од ЕУ во 2018 година изнесувал 30 отсто, за разлика од пред 15 години, кога нбивното учество изнесувало 21 процент, објави Евростат.
Уделот на мажите во националните парламенти е значително поголен во цела ЕУ, така што ниту една земја од Унијата немала повеќе жени од мажи во Парламентот.
Најмногу жени има во парламентарниот состав на Шведска, со 47 отсто, по што следуваат Финска со 42 отсто и Белгија и Шпанија со по 40 отсто. Најмалку пратенички седат во Парламентот на Унгарија, само 13 отсто, а слична е ситуацијата и на Малта (15 отсто) и Кипар и Грција со по 18 отсто.
Бројот на жени претседателки или премиерки во земјите од ЕУ, исто така, се зголеми во периодот од 2003 до 2018 година. Во 2018 година три жени биле шефици на влади, а 15 години порано – ниту една. Уделот на жени – шефови на влади во ЕУ никогаш не надминал 14 проценти, што значи никогаш на таа позиција немало повеќе од четири жени во исто време.