Путин со Советот за безбедност на Русија за ситуацијата во Сирија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оствари средба со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија, фокусирајќи се на ситуацијата во Сирија, како и за напорите на странски разузнавачки служби да го зголемат своето влијание врз тековните процеси во Русија.

– На брифингот се разговарало за актуелните прашања на социо-економски развој на Русија, но разменети се и ставови за засилување на извидувачки воени активности, кои ги спроведуваат странски држави во близина на руската граница, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој информира дека се разговарало и за ситуацијата во Сирија, со фокус на состојбата во кампот за бегалци Рукбан.

Путин, на состанокот со главната разузнавачка служба на Русија, вчера изјави дека странски разузнавачки служби бараат начин да го зголемат своето влијание врз тековните процеси во Русија.

– Гледаме дека странски разузнавачки служби бараат начин да го зголемат своето влијание во руска насока, и прават сè за да добијат пристап до политички, економски, научни и технолошки информации, изјави Путин.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Путин: Целосно ќе го расчистиме Курскиот регион

А1он

Путин: Се надевам дека Западот ме слушна

А1он

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

(ФОТО) Путин ја претстави замената на доларот – една банкнота за земјите членки на БРИКС

А1он