Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти изјави дека престижот на турнирот Лига Европа се зголемува со секоја измината сезона и поради таа причина тој и неговите фудалери имаат голема желба да го освојат.
– Атомосферата во тимот е мирна, но сите сме крајно мотивирани. Како што беше против Јувентус пред неколку дена, така и сега очекувам да имаме специјален натпревар. Очекувам Салцбург да напаѓа често и да играат со висока линија во одбраната. Утрешниот натпревар ќе ни помогне многу да го запознаеме подобро противникот и да подготвиме план за реваншот кој ќе биде одлучувачки. Лига Европа е многу важен турнир за нас. Во последните години Јунајтед, Севиља, Челзи и Атлетико го освоија, па престижот се зголемува, изјави искусниот стратег.
Наполи утре од 21 часот го пречекува австриски Ред Бул Салзбург во првиот осминафинален дуел од ЛЕ.