Државата, која одамна е една од светлите искри во светската економија, претрпе остро забавување. Официјалните податоци покажуваат дека австралиската економија се зголемила само за 0,2 проценти во последните три месеци од 2018 година, што е многу побавен раст од 0,6 проценти, кој го очекуваа економистите.
Ова е придружено со слаб раст од 0,3 проценти во третиот квартал од 2018 година, што значи дека австралиската економија ослабела во втората половина од минатата година.
Имајќи ги предвид блиските врски на Австралија со кинеската економија (преку трговијата со стоки), тоа е јасен знак дека кинеското забавување, и трговска војна со САД, испраќаат опасни бранови низ глобалната економија.
Со оглед на тоа што Кина вчера ја намали својата цел за раст во 2019 година, станува јасно дека ова забавување може да потрае некое време.
Трошоците на австралиската Влада и потрошувачката на домаќинствата придонесоа за раст, додека инвестициите опаднаа.
На годишно ниво австралиската економија пораснала само 2,3 проценти во последниот квартал, што е најниско од средината на 2017 година.
По глава на жител, австралиската БДП во последните шест месеци многу е намален, што ја доведува земјата во „рецесија по глава на жител”.
Тоа е затоа што е забележан пораст на населението од 0,4 отсто во текот на последното тромесечје на 2018 година, додека БДП се зголемил само за 0,2 проценти.