Евроинтеграциските предизвици пред самитот на ЕУ во јуни, тема на средбата Османи – Божич

Од:

Предизвиците во евроатлантските интеграции со кои се соочува Република Северна Македонија, особено во периодот во пресрет на јунските самити биле тема на разговор на средбата денеска во Љубљана на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Добран Божич.

Како што соопшти СЕП, на средбата беа отворени и темите однос на проширувањето на ЕУ, како и регионална соработка во насока на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ биле

-Република Северна Македонија е новата реалност на Балканот: земја која нема поголеми отворени прашања, со стабилни меѓуетнички односи и внатрешна кохезија, која е веќе дел од регионалната иницијатива за промоција на европските правила, стандарди и вредности низ целиот регион, со крајна цел да се обезбеди трајна стабилност на Балканот, истакна Османи, и притоа посочил дека оваа успешна приказна треба да биде мотив и поттик за земјите од Западен Балкан, како аспиранти за членство во ЕУ.

Пред средбата со Божич, вицепремиерот Османи остварил и средба со програмската директорка на Центарот за европски перспективи, Андреја Долничар Јерај со која, покрај евроатлантските интеграции, биле отворени и темите поврзани со справувањето со мигрантската криза, напливот на фундаментализмот, како и борбата за справување со ширењето на лажните вести со кои се соочува регионот.

Во рамки на посетата на Република Словенија, Османи ќе оствари средба и со заменик претседателот на Владата на Република Словенија и министер за надворешни работи, Миро Церар, а на маргините на посетата ќе се сретне и со Ема Роде, заменик директор на Центарот за меѓународна соработка и развој, наведуваат од СЕП.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски