Десетици институции ќе ги променат имињата – МРТ ќе стане Национална Радиотелевизија, а МОБ ќе се преименува во Национална опера и балет

Од:

Десетици институции ќе добијат нови имиња, табли, логоа, веб-страни и документи по промената на државното име. Според упатствата на Владата, Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радиотелевизија Скопје ќе треба да го промени називот во Јавно радиодифузно претпријатие Национална Радиотелевизија Скопје,Националната установа Македонска Филхармонија ќе стане Национална Филхармонија, Македонска Радиодифузија ќе се применува во Национална Радиодифузија, а Македонската опера и балет во Национална опера и балет.

Нов назив ќе добие и Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и музеј на жртвите на комунистичкиот режим кој во иднина ќе се нарекува Музеј на македонската борба за самостојност. На листата се наоѓаат вкупно 136 институции. Целата листа е достапна на владината интернет страница.

„Владата на својата 124 седница, на предлог на Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата, согласно амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот , Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците.

Исто така, Владата ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-страни, медиуми итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата , и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен”, соопшти Владата.

Би можело да ве интересира

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски