Буфон призна: Ги одбив Јунајтед и Сити

Од:

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, изјави дека одбил големи понуди од Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед за време на неговата кариера. Голаманот го потврди ова за време на интервју со англиска телевизија, кое го водеше Рио Фердинанд.

Италијанецот разговараше со поранешниот англиски дефанзивец пред дуелот меѓу неговиот Пари Сен Жермен и „црвените ѓаволи“ во натпреварот во Лигата на шампионите. Првиот меч во Англија заврши со победа од 2:0 за францускиот тим.

– Кога бев момче, кое играше за Парма, Сер Алекс Фергусон ме следеше речиси две или три години. Секогаш испраќаше извидници за мене да ме гледаат. Во овој момент, сепак Парма беше мојот свет и немав чувство дека мораше да ја напуштам. Подоцна добив предлог од Манчестер Сити, откако тие почнаа да го градат тимот, кој се во овој момент. Тие сакаа да сум првото ново засилување, но решив да останам во Јуве, изјави голманот на ПСЖ.

Четириесет и едно-годишниот фудбалер ги напушти „бјанконерите“ во текот на летото на 2018-та, за да игра за прв пат надвор од Италија.

Би можело да ве интересира

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ

Британски „Сан“: Манчестер Јунајтед во октомври официјално добива нов сопственик

Џанлуиџи Буфон е новиот тим менаџер на италијанската фудбалска репрезентација

Легендарниот голман реши да се пензионира на 45 години

Горан Наумовски