Верските лидери, како неканети гости само ги „бакнаа“ собраниските порти

Од:

Верски лидери денеска дојдоа до влезот на Собранието и се вратија. Не им беше дозволено да присуствуваат на јавната расправа во Комисијата за здравство за предлог-законот за абортус на Комисијата за здравство.

Верските лидери не биле уредно поканети како другите гости да присуствуваат на расправата. Покана добиле од гостите-невладини организации. Ова е во спротивност со Деловникот за работа на Собранието.

„Ние сме секуларна држава, сите досегашни практики во работата на Собранието се во насока на тоа дека верските заедници не биле поканети.Верските заедници имаат право да го кажат свoето мислење, религија и верата се лично право, но не можат да влезат непоканети во законодавниот дом“, вака претседателката на Комисијата за здравство, Мирсада Емини Асани, пратеничка од ДУИ, го објасни ставот на верските лидери да не им се отворат собраниските врати.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска