Седница на Работниот комитет за европски интеграции

Од:

Работниот комитет за европски интеграции денеска ќе ја одржи 42-та седница. Седницата, во својство на претседател на Комитетот, ќе ја води заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, а на седницата, покрај државните секретари на министерствата, ќе присуствуваат и претседавачите на поткомитетите, генералниот секретар на Владата, како и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.

На состанокот ќе биде разгледан статусот на имплементација на Планот 18, како и претстојната динамика за реализација на потребните реформи согласно преземените обврски, ќе биде разгледан статусот на оценските мисии и обврските по нивните заклучоци, активностите за текот на објаснувачкиот скрининг и предизвиците на преговарачката структура.

Со оглед на актуелноста на темата, на состанокот на комитетот ќе присуствува и Заменикот на Главниот преговарач и Главен технички преговарач со Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски