„Сонот на играчките“ – симфониски концерт за деца

Од:

„Сонот на играчките“ е насловен симфонискиот концерт за деца кој Македонската филхармонија ќе го изведе идната сабота (9 март) и ќе го водат двајца млади македонски диригенти – Виктор и Елена Митревски, кои се активни на европските музички сцени.

На концертот ќе има и аниматор, а ќе бидат изведени дела од Дебиси, Григ, Понкиели, Моцарт, Бизе, Елгар.

„Сонот на играчките“ е музичка приказна за две деца, брат и сестра, кои сонуваат да станат славни диригенти, а во остварување на сонот им помага волшебник. Во улогите на двете деца се, всушност, диригентите Виктор и Елена.

– Во нарацијата концертот содржи многу хумор, како и едукативни елементи кои ќе им помогнат на
децата преку смеа да се запознаат со класичната музика, инструментите, како и улогата
на диригентот, информира Филхармонијата.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска