Киргиос ја освои петтата титула во кариерата

Од:

Австралискиот тенисер Ник Киргиос ја освои титулата на тенискиот турнир во Акапулко (Мексико) со награден фонд од 1.78 милиони долари. 23-годишниот Киргиос го победи во финалето вториот носител Александер Зверев (Германија) со 6:3, 6:4 во 90 минута.

Австралиецот, кој се наоѓа на 72-то место на светската ранг-листа, на патот кон титулата го елиминираше Рафаел Надал, Стен Вавринка и Џон Иснер. Киргиос направи три брејка на натпреварот и еднаш загуби на свој сервис.

За Австралиецот, ова е петта титула во кариерата и прва ос Бризбејн (Австралија) во јануари минатата година.

Александар Зверев, трет на светската ранг-листа, не успеа да го освои 11-тиот трофеј во својата кариера.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ