Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја нема светла економска иднина доколку двете земји не постигнат договор, а исто така нема никаква економска иднина доколку не се откаже од нуклеарното оружје.
– Северна Кореја има неверојатна, брилијантна економска иднина ако постигне договор, но нема никаква економска иднина ако има нуклеарно оружје, изјави Трамп на годишната политичка конференција на конзервативните активисти и избрани претставници ширум САД.
Тој на конференцијата, чиј домаќин е Американската конзервативна унија, оцени дека односот на САД со Северна Кореја е „многу, многу силен“.
Трамп минатата недела во Ханој се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, но самитот заврши без договор. Според американскиот претседател не е постигнат договор бидејќи Северна Кореја побарала целосно укинување на санкциите во замена за затворање на нуклеарната постројка Јонгбјон.