Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди денеска брегот на Северниот Остров на Нов Зеланд, соопшти американскиот геолошки институт.
Нема информации за жртви и предизвикана материјална штета.
Земјотресот е регистриран на 300 километри североисточно од најголемиот новозеландски град Окленд, на длабочина од 204 километри.