Ексклузивно претставување на Škoda kamiq

Од:

Новиот Škoda kamiq претставува уште еден голем чекор во успешната гама на SUV возила на чешкиот производител.

Kamiq е централна точка во кампањата на Škoda која е целосно во тек. „Ќе воведеме повеќе од 30 нови модели до крајот на 2022 година. Нашата цел е да ја зголемиме продажбата од околу 1,25 милиони автомобили денес, и до два милиони возила годишно до средината или крајот на следната деценија“, вели Бернхарт Мајер.

Создаден за уживање во животот

Škoda kamiq е наменет првенствено за помладите корисници кои се склони на модерен животот и авантурата. Овој модел веднаш може да се препознае по неговите моќни двосегментни фарови, со дневните светла што се движат по горниот дел на предницата. Kamiq е исто така првиот модел на Škoda со динамични индикатори за насока, напред и назад – индивидуалните LED диоди светнуваат последователно однатре кон надвор за да создадат импресивен ефект.

„Kamiq е многу посебен за мене. Ова е првиот проект што го направив во Škoda“, признава Оливер Стефани, Раководител на Škodaодделот за дизајн. „Ја следи традицијата на Škoda со многу смели, препознатливи елементи кои се исклучително стилски. Автомобилот, исто така, има моќен став и зрачи со издржливост кога е на патот. Друг впечатлив елемент е динамичната покривна линија. Мислам дека постигнавме се што им ветивме на нашите фанови со концептот Škoda vision X од минатата година“, додаде Стефани.

Широката предна решетка со двојни ребра, масивната предница и препознатливиот профил на хаубата го прават изгледот извонреден. Задниот дифузер ја истакнува висинатa на возење, 36 mm повисока од споредливата Škoda scala. Тркалата доаѓаат со 16 до 18 инчни фелни. За авантуристите, долната заштита е опционална, додека спортските возачи ќе уживаат во поцврстата спортска суспензија, намалена за 10 милиметри, која нуди две нивоа на регулирање на цврстината на амортизацијата.

Агилен, но просторен

„Несомнено е дека ова е вистинска Škoda, но во исто време, сосема е различна. Нашата цел беше да создадеме поинаков вид на SUV од она што досега го видовме“, објасни Кристијан Струбе, член на управниот одбор на Škoda, одговорен за техничкиот развој. Kamiq ги зема предностите карактеристични за SUV возилата, како што се зголемената висина на возењето и удобната положба за возење, и ги комбинира со агилноста на компактниот автомобил.

Покрај несомнено компактните димензии (4.241 mm должина, 1.793 mm ширина, и 1.531 mm висина), сепак може да се пофали со најдолга внатрешност во класата. Задните патници имаат многу простор, додека багажниот простор располага со 400 до 1.395 литри. Преклопувачкото седиште во средината на задниот дел дава дополнителен простор за да може да се транспортираат предмети до 2,5 метри во должина. Згора на тоа, има повеќе од дваесет „Simply Clever“ решенија внатре – вклучувајќи го чадорот во вратата на возачот, или, уникатно за во овој сегмент, лизгачки штитници на вратите. Автомобилот, исто така, може да биде опремен со кука за влечење и електрично управувана задната врата која се затвора со притискање на копче.

Автомобил преполн со карактеристики

Употребата на новата платформа за возила овозможува Kamiq да се вклопи со бројни технологии кои претходно ги беа имплементирани само во премиум возилата, вклучувајќи го и греењето на предните и задните седишта, воланот и шофершајбната. Внатрешниот ентериер може да доминира со опционалниот „Virtual Cockpit“ со пет режими на прикажување од 9 инчи и 10,2 инчен централен команден дисплеј.

Опремата во Kamiq вклучува помошен систем за напуштање на лента и кочница за сопирање со предвидлива заштита на пешаците. Приспособлива контрола на патувањето, странична помош, помош при паркирање за автоматско влегување или излегување од паралелни и нормални паркинг места, како и гласовна контрола и гестовни команди за инфозабавниот систем.

„Kamiq доаѓа со сосема нова генерација на инфозабавни системи. Секогаш е онлајн и благодарение на своите апликации, може да ги понуди најнапредните услуги за поврзување на Škoda. Ова го прави совршен за нашите помлади клиенти во урбаниот SUV сектор, кои постојано се онлајн присутни“, истакна Стурбе.

(ПР текст)

Би можело да ве интересира

Македонска премиера на „Skoda Enyaq“: Емотивен, ефикасен и електрифициран

А1он

Светска премиера на целосно новиот Škoda Superb: Повеќе простор и удобност, шест ефикасни мотори и иновативни безбедносни системи

Подобрување на просторот, удобноста и контролата: Škoda ги претставува внатрешните елементи на целосно новите генерации Kodiaq и Superb

Новиот ŠKODA ENYAQ COUPÉ iV е тука

Претставена новата ŠKODA FABIA: Поголема, побезбедна и поефикасна

Новата генерација на најпосакуваниот семеен автомобил е тука: Добредојдовте во новата ŠKODA Octavia

А1он