Американската тенисерка Серена Вилијамс, се пласира во полуфиналето на турнирот во Доха откако вечерва ја победи чешката тенисерка Петра Квитова со 3-6, 6-3, 7-5.
По оваа победа Вилијамс, од понеделник повторно ќе ја заземе првата позиција по повеќе од две години. Триесет и едно годишната тенисерка ќе стане најстариот рекет бр. 1 во досегашното рангирање на тенисерките пренесува Танјуг.
Нејзината сонародничка Крис Еверт, предходно беше најстарата бр. 1 тенисерка во светот со 30 години.
Вилијамс ќе се бори против русинката Марија Шарапова за влез во финалето, откако ја совлада Саманта Стосур со 6-2, 6-4.
Во другото полуфинале ќе се сретнат досегашната тенисерка бр. 1 белорусинката Викторија Азаренка, која ја победи Сара Ерани со 6-2, 6-2 и победничката од дуелот Радванска-Вознијацки.
Турнирот во Доха се игра со награден фонд од 2,36 милиони долари