„Македонија ќе биде регионален центар на Лукоил“, изјави премиерот Никола Груевски во Санкт Петербург.
„ Тоа веројатно ќе го зголеми и бројот на вработени во седиштето на „Лукоил“ во Македонија“, рече Груевски .
Премиерот Никола Груевски ја оцени како успешна повеќедневната посета на Руската Федеарција, во рамки на која се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и посети четири области каде пред претставници на повеќе од 230 компании ги презентира можностите за инвестирање во Македонија.