Османи- Брахос: Успехот од Преспа рефлектира и во економските односи меѓу двете земји

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Генералниот секретар за меѓународни и економски односи на Министерството за надворешни работи на Република Грција, Јоанис Брахос.

На средбата беа отворени темите за исполнувањето на обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор, економската соработка помеѓу двете земји, со посебен фокус на регионалната економска интеграција и досега реализираните економски реформи.

Целта на разговорот беа можностите за унапредување меѓусебната соработка во сите наведени области, со посебен фокус на проектите за прекугранична соработка кои се реализираат со финансирање преку ИПА средствата на Европската Унија.

„Напредокот во меѓусебната комуникација и економската соработка ја одбележува новата ера на билатерални односи помеѓу двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа, и е веројатно најважната придобивка од напредокот во политичките односи “ – истакна Османи на средбата, посочувајќи на одлуката на Владата за поддршка и реализација на проектот за развој на преспанскиот регион и отворањето на граничниот премин „Маркова нога“.

Во рамките на средбата беа отворени и останатите прашања за билатерална соработка, особено во рамките на размената на знаење и искуство, со кое Република Грција ќе ѝ помогне на Република Северна Македонија во подготовките на администрацијата и останатиот дел од преговарачката структура за успешен старт на преговорите со Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски