Московскиот воен суд осуди поранешен службеник во државната безбедност и поранешен експерт за кибер безбедност на компанијата „Касперски“ на 22 и 14 години затвор поради предавство.
Сергеј Михаилов, поранешен офицер во руската федерална служба за безбедност, и Руслан Стојанов, шеф на тимот за истражување на компјутерски инциденти во руската компанија „Касперски лаб“, осудени се за издавање на тајни информации на странски разузнавачки служби.