Седница на Советот за етика во медиумите во Гостивар

Од:

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска во салата на Советот на Општина Гостивар организираше „Отворен ден“. на кој граѓаните имаа можност и да ја видат работата на комисијата за жалби која јавно разгледа две жалби за неетичко известување во медиумите.

Зборувајќи за значењето на медиумската саморегулација, извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева, истакна дека таа овозможува заштита на уредувачката слобода, намалување на државното влијание, промоција на квалитет во известувањето и полесен пристап на јавноста до медиумите.

– Медиумската саморегулација помага да се убеди публиката дека слободните медиуми не се неодговорни. Во исто време, таа го штити правото на новинарите да бидат независни и да им се суди за професионалните грешки од нивните колеги, а не од оние што поседуваат моќ. Кога станува збор за коригирање на фактичките грешки или прекршувашето на личните права на медиумите, задоволството од одлуките на саморегулаторните тела го намалува притисокот врз судскиот систем за санкционирање на новинарите, рече Тунева.

Зборувајќи за предностите од саморегулација, Тунева нагласи дека етичките кодекси обезбедуваат насоки за уредувачките стандарди, додека механизмите за жалење нудат еден вид „гаранција за квалитетот“.

– Жалбите до саморегулаторните тела се доставуваат бесплатно, за разлика од судските постапки. Ова е значителна предност за просечниот граѓанин. За политичарите кои се жалат постојат придобивки, како што се брзото решавање на споровите, како и задоволството од тоа грешките да се признаат јавно и доброволно од медиумите, подвлече Тунева.

На денешната седница на Советот за етика во медиумите заседаваше и Комисијата за жалби, на која се дискутираше за добиени жалби за неетичко известување во медиумите.

Членовите на комисијата донесоа и заклучоци по жалбата на Даниел Калајџиски за објавувањето на фотографии и видеа од автобуската несреќа кај селото Ласкарци на ТВ 21 и најавата за емисијата Инсајдер на 1ТВ во која беше споменато името на бизнисменот Зоран Азманов. Во двата случаи, комисијата констатира повеќе повреди на кодексот на новинари.

Советот за етика во медиумите од своето формирање пред неполни пет години има донесено 290 одлуки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски