(ВИДЕО) Мајката на Пино: Да беше нивно дете, цела Македонија ќе ја превртеа

Од:

Точно 77 дена го нема мојот син, револтирано зборуваше пред Собранието Маја Трпковска, мајка на 26-годишниот Пино Секундо, кој исчезна на 10 декември годинава и оттогаш му се губи трагата. Таа денеска протестира пред Собранието, барајќи од надлежните органи поангажирано да се зафатат со потрагата по нејзиното дете. Пред Собранието дојдоа десетици другари на Пино, кои носеа држеа транспаренти на кои пишува „сектор за исчезнати, и вие ли исчезнавте“, „кога МВР не знае да даде одговор, се крие“…

Кон протестот се приклучи и Бекир Аслан, татко на Арбен Аслан, кој исчезнал на 23 јануари годинава, а последен пат бил виден како влегува во нечие возило, кое се уште не е пронајдено. Двајцата родители, иако не се познаваа претходно, се гушнаа кога се видоа, бидејќи ја делат истата судбина.

Аслан вели дека добро соработува со МВР за пронаоѓање на неговиот син, додека Трпковска се жали дека полицијата долго време ја игнорира и дека три недели нема никаков одговор од нив за тоа што е сработено и до каде е потрагата.

„Јас сакам да добијам извештај за сите овие 77 дена, што имаат направено од Секторот за исчезнати лица, зошто не сакаат да соработуваат со мене? Се кријат. Додека не го најдеме Пино, јас секој трет ден ќе протестирам. Ако треба со ланец ќе им се врзам пред врата, зошто ова не е Влада, тие си гледаат само за нив, за нивно дете зошто да беше нивно дете јас сум сигурна дека цела Македонија ќе ја превртеа, немаше куќа во која нема да влезат, немаше гаража во која нема да влезат“, вели Трпковска.

Пино на 10 декември бил излезен вечерта и последен пат е виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Излезен бил со бел автомобил марка „Шкода“ со регистерски таблички SK1566AP.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Интензивно се трага по исчезнатото момче од Неготино

А1он

Уапсена скопјанка која вчера удри пешак и избега

Возачот кој усмрти девојка на „Партизанска” возел без дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло

А1он

Зел мито за операција, приведен хирург од болницата во Битола

Катерина Ѓуровски

Кривични пријави за поранешен помошник министер и раководител во МВР за незаконски јавни набавки

Катерина Ѓуровски

Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025

А1он