Германските власти ја казнија компанијата Бе-Ем-Ве со 8,5 милиони евра, поради повисоки емисии на штетни гасови од нејзините дизел автомобилите од дозволените.
– Обвинителството во Минхен предложи парична казна од 8,5 милиони евра за административно прекршување на контролата на квалитетот, се наведува во соопштение од Обвинителството.
Властите вршат контрола во Бе-Ем-Ве од почетокот на 2018 година, поради сомнежи дека компанијата во некои дизел автомобили вградила таканаречени „манипулативни уреди“.
Претходно, германските власти го казнија„Фолксваген“ со една милијарда евра поради уредите што ги инсталираше во 11 милиони автомобили ширум светот, додека „Ауди“ плати казна од 800 милиони евра.
Минатата недела обвинителите во Штутгард најавија дека започнале „процедура за казнување“ на производителот на „Мерцедес Бенц“, „Дајмлер“ за исти сомнежи за манипулации со 700.000 автомобили.
Во случајот со Бе-Ем-Ве, станува збор за многу помал број автомобили, односно помалку од 8.000.