Собранието на акционери на „Агроплод“ ги отповика старите и именува нови директори на одборот. За нов извршен директор, на Собранието закажано од Основниот суд од Ресен, е избран Науме Стефановски.
– Искрено ми е жал што пропаднаа изминатите 3-4 години, затоа што имав подготвено проекти во вредност од 35 милиони евра, кој требаше да се реализираат во Агроплод. Знаат, тие што работат со мене, дека тие проекти отидоа за БиХ. Ветувам дека оваа година и покрај кризната година ќе имаме 30 отсто работа повеќе, а со тоа и инвестиции, рече претседателот на концернот Свислион, Родољуб Драшковиќ, кој беше присутен на собранието на акционери.