Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе го повика на разговор рускиот амбасадор за да објасни зошто претходно оваа недела руски борбен авион прелета на само 20 метри оддалеченост од шведски извиднички авион над Балтичкото Море.
Портпаролката на Министерството, Дијана Кудаиб, рекла дека Шведска смета дека ова е сериозен инцидент, наведувајќи дека рускиот СУ-27 маневрирал некоректно и непрофесионално, на начин што ја загрозил безбедноста на летањето.
Инцидентот се случи во вторникот. Шведската војска објави и фотографија од инцидентот.