А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања пауза до 21 часот

by А1он23/02/2019 - 19:58168
Share0

Во собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања повторно е дадена пауза по што во 21 часот треба да продолжи расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

Следете a1on на Instagram Instagram

И попладневниот дел помина во реплики и контрареплики околу тоа дали треба да му се одземе пратеничкиот имунитет на Вељановски. Опозицијата е со став дека се врши политички прогон и оти ова е осми пат како расправаат за одземање на имунитет на пратеник, додека парламентарното мнозинство смета дека треба да се откријат организаторите на 27 април и да бидат изнесени пред лицето на правдата, а судската власт да оцени дали има можност за поведување постапка.

По паузата, според најавите, се очекува да се обратат уште тројца пратеници. Расправата треба да заврши до полноќ по што Комисијата треба да го достави заклучокот од расправата до претседателот на Собранието за потоа да биде свикана пленарна седница. Одлуката за одземање на пратеничкиот имунитет се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

sobranie

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:35

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео