ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе соработува во насочување на спасената храна од бизнис субјектите кон социјално загрозените граѓани

Од:

Меморандум за соработка за поуспешна реализација на активностите поврзани со намалување на фрлањето храна на територија на градот Скопје, како и насочување на спасената храна од бизнис субјектите кон социјално загрозените граѓани, денеска потпишаа ЈП „Комунална хигиена“-Скопје псо Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.

Како што соопштија од јавното претпријатие, со потпишувањето на Меморандумот за соработка, двете страни се обврзаа заеднички да имплементираат активности за подигнување на јавната свест за важноста на нефрлањето храна и изнаоѓањето законска рамка како вишокот храна да стигне до оние на коишто им е најпотребна – гладните и сиромашните.

-На годишно ниво на депониите завршуваат над 5.000 тони употреблива храна, количество што е доволно за секојдневно да се прехранат дури 13.000 луѓе. Моја лична определба е дека храната никогаш не смее да се фрла и се надевам дека наскоро ќе се изнајде институционален начин како да се намали овој голем социјален проблем со којшто се соочуваат многу наши сограѓани, истакна директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција