Богата културна програма по повод патронот на Кратово св.Ѓорги Кратовски

Од:

Локалната самоуправа на Кратово во соработка со институциите од областа на културата од општината организираат богата културно-забавна програма по повод патрон-празникот на градот, свети Ѓорги Кратовски, чиј спомен православната црква го честува на 24 февруари.

Од општината информираат дека годинава празнувањата се проширени и се распоредени во тридневна програма за сите генерации, жители на Кратово и посетители.

-Вчера се одржа изложба на фотографии „По трагите на св.Кирил и Методиј“, а за најмладата популација гостуваше Театарот за деца и младинци, Скопје со претставата за деца „Лакомата меца“. Вечерва, во пресрет на патрониот празник, на градскиот плоштад со почеток во дваесет часот ќе се одржимузички хепенинг, а на забавниот спектакл ќе настапат Александра Јанева , „Фидбек бенд“ и групата „Девојките“- Тhe chiks, посочија од службата за јавни дејности при локалната самоуправа на Кратово, упатувајќи отворен повик до сите граѓани од Кратово и соседните општини да присуствуваат на настанот.

Во ракми на прославата, под покровителство на општината организирани се и спортски ативности, традиционален повеќедневен фудбалски турнир итурнир во пинг-понг.

Утре, по повод 24 февруари, кога православната црква го празнува споменот на патронот и заштитник на градот Кратово, Св. Новомаченик Ѓорѓи Кратовски, чествувањето ќе отпочне со света Божествена литургија на свештенството од МПЦ – ОА, по што ќе следува водокрст на градскиот плоштад во 10 часот и 30 минути.

Од 11 часот на плоштадот е настапот на Културно-уметничкото друштво „Ефрем Каранов“ – Кратово и КУД „Тодор Јанев“ , Чашка, а во 12 часот во Музеј на град Кратово ќе се одржи промоција на книгата „Светот во мене и светот до мене“ на Марија Монеска.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот