Минофрлачка граната, истрелана од Сирија, паднала во округот Хатај во јужна Турција, по што Турција отворила соодветен оган, пренесе агенцијата Анадолија.
Нема информации за жртви и ранети од синоќешното гранатирање во шумската месност недалеку од градот Јилјадаг.
Минофрлачката граната веројатно била истрелана за време на продолжените судири меѓу сириските бунтовници и владините сили недалеку од границата со Турција.
Серија минофрлачки гранати, истрелани во судирите во Сирија, во последните месеци паднаа на турска територија, а во еден од овие инциденти имаше жртви.