[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Њујорк наскоро ќе стане „рај“ за конзумирачите на марихуана.
Од наредниот месец полицијата нема да ги приведува, ниту да ги казнува лицата кои поседуваат помала количина на марихуана.
Градоначалникот Мајкл Блумберг изјави дека кај они каде што ќе се пронајде помала количина, нема да се казнуваат парично, под услов со себе да носат лични документи и да немаат полициско досие.
Додаде дека на тој начин полицијата ќе добие можност да се посвети на расчистување на потешките злосторства.
Њујоршката полиција годишно поради поседување на марихуана затвора 10 илјади луѓе.