Ѓоковиќ: Ве сакам сите

Од:

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ им го честиташе денот на вљубените на сите. Тој порача дека не треба да се чека овој ден за да се изненадат саканите.

novak-ljubov

„Нека ви е среќен Денот на заљубените. Но, ме знаете мене, јас верувам дека секогаш е одлична прилика да се слави љубовта и пријателството. Се сеќавам кога имав 12 години го користев 14-ти февруари за прв пат да и подарам цвет на мојата симпатија. Правевте ли и вие така кога бевте деца? Сега веќе не го чекам овој ден, правам убави изненадувања скоро секој ден“.

„Сакам да Ви го честитам и нашиот Свети Трифун, заштитникот на виното и лозарите. Наздравете со пријателите во мое име“, додаде Новак.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех