Жена во Ирак ја роди првата седумка на Блискиот Исток.
Станува збор за 25-годишна Ирачанка, чиј идентитет не се соопштува, а како што пренесува „Дејли мејл”, таа родила седум здрави бебиња.
Бебињата се родени во Дилаја во северен Ирак и ова е прва седумка која се раѓа на Блискиот Исток. Портпаролот на локалниот здравствен центар вели дека мајката се опоравува заедно со нејзините 6 ќерки и еден син. Тој додаде дека станува збор за уште едно нормално породување во болницата во Ал Батоул.