Внукот на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин е уапсен во Австрија, соопшити австриската полиција.
42- годишниот роднина на Садам со години беше во бегство, криејќи се од ирачките власти кои имаат издадено потерница по него.
Како што е соопштено, лицето било уапсено при контрола на железничка станица во Трајнскирхен.
Тој е однесен на тајна локација поради опасноста од одмазда на ирачките граѓани кои ја посакуваат неговата смрт.
Полицијата при рутинска контрола запрела тројца луѓе кои немале документи со нив. Тие биле илегално префрлени во Австрија и во желбата да не бидат депортирани назад, еден од нив го признал својот идентитет, односно кажал дека тој е бараниот внук на Садам Хусеин кој барал азил во Австрија.