Демократски сојуз: Државните институции да реагираат по автобуската несреќа 

Од:

По автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 патници, а неколкумина се во тешка состојба, неопходна е соодветна реакција од државните институции, велат од Демократскиот сојуз.

За да се избегнат ваков вид на несреќи и да се намалат последиците Демократскиот дојуз бара:

„Да се направи вонреден технички преглед над сите автобуси на „ДУРМО-ТУРС, но и на автобусите и комби-возилата на другите компании со кои се превезуваат патници.

Да се направи вонреден увид над сите станици за технички преглед од независни експерти.

Да се спречи судир на интереси односно ист сопственик да не може да врши технички преглед на возила во негова станица за технички преглед.

Инаку оваа несреќа со катастрофални последици бара и анализа на поставеноста на целикупниот систем во државата од превентивно дејствување, па се до намалување на можните последици.

Во оваа насока предмет на анализа треба да биде и системот за информирање, дејствувањето на првата медецинска помош, прифатот и третманот на повредените и расположивите капацитети, дејствувањето на системот за заштита и спасување, на полицијата, јавното обвинителство“, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он