Ердоган: ЦИА не се фокусираше целосно на убиството на Кашоги

Од:

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ЦИА не се фокусирала целосно на убиството на новинарот Џамал Кашоги, јави Анадолија.

Во гостување во заедничката програма на националните телевизии „АТВ” и „А Хабер”, турскиот претседател ја коментираше истрагата во врска со случајот за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, при што нагласи дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) не се посветила доволно околу ова прашање.

-ЦИА не се фокусираше целосно на убиството на Кашоги, САД треба да стават тежиште на ова прашање. Ние сме посветени тоа прашање да го изнесеме пред меѓународен суд, рече Ердоган.

Тој додаде дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија.

-Администрацијата на Трамп дава впечаток дека е далеку од единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија, рече турскиот претседател.

 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Администрацијата на Трамп може да стави крај на војната во Украина преку дијалог и дипломатија

А1он

Ердоган за израелскиот напад врз Иран: Сакаат да го запалат регионот, Западот им помага

А1он

Ердоган за терористичкиот напад: Валканите раце што посегнуваат кон Турција ќе бидат скршени

А1он

ВИДЕО: Путин организира самит на БРИКС, му доаѓаат Ердоган, Си Џипинг и Моди

Катерина Ѓуровски

Почина Фетулах Ѓулен, најголемиот непријател на Ердоган

А1он

ВИДЕО: Дачиќ повторно му пееше на Ердоган „Осман ага“