Џон Кери го продава “Хајнц” на Ворен Бафет

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери би можел да заработи неколку стотици илјади долари, од денешната продажба на компанијата за производство на кечап и сосови “Хајнц”, на американскиот милијардер Ворен Бафет.

hajncБафет и една бразилска инвестициска компанија склучија договор за купување на компанијата “Хајнц” за 23 милијарди долари.

Во оваа компанија, акции има и фамилијата Кери и тоа, според податоците од 2010 година, во износ од најмалку три милиони долари.

Тие акции сега, бидејќи Кери извршува јавна функција, се водат на сопругата на Кери, Тереза.

За сега, не е познато дали ќе се продаваат акциите на “Хајнц” пред склучувањето на договор за продажба.

АП проценува дека со таквата продажба, Кери би можел да заработи до еден милион долари.

Компанијата на Бафет “Беркшир Хатавеј” и фондот “3Г Капитал” ќе му плати за купување на “Хајнц” 72,50 долари по акција. Акциите на “Хајнц” денес на берзата вредеа 60,48 долари.

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии